Background

Сервис

Genel - Canon Service Partner

Производите на Canon се познати низ целиот свет по својот квалитет и начин на работа. Во исто време ние веруваме дека квалитетот на сервисот не e ништо помалку важен за корисниците од самиот квалитет на производот. Поради овие причини, нашиот овластен сервис и мрежа од наши овластени сервиси, Ви осигурува гарантна, пост-гарантна и по договор сервисна услуга за било кој производ од Canon на територијата на Република Македонија. Кога купувате производ на Canon, секогаш добивате нешто повеќе, а тоа е високо-квалитетен сервис.

Што значи тоа?

Со секогаш достапната служба за техничка поддршка (02 3214 677), на располагање Ви се сертифицирани стручни лица обучувани во најдобрите сервисни центри во Европа (над 20 години искуство), оригинални Canon резервни делови и сервисна услуга на лице место веднаш после Вашиот телефонски повик. Ви нудиме и широк избор на сервисни договори, прилагодени на Вас и Вашите специјални потреби со низа додатни погодности и привилегии.

Стратегија

Исполнување на ветувањата со максимални залагања на нашите вработени, извршувајќи ја секоја работна задача, одговорно и совесно до крај. Превентивно размислуваме и реагираме како да ги предвидиме потребите на нашите клиенти и соработници. Мерило на нашиот успех е вкупното време на реакција – од информација, преку одлука до конечниот резултат. Со принципите на работа на ефикасност и ефективност се насочуваме кон клиентите и соработниците за постигнување на примарните цели на двете страни. Параметри кои Генел го прават нивни прв избор. Преку тимската работа даваме меѓусебна стручна помош, совети, размена на искуства и отворен проток на информации, како и почитување на разноликоста. Со учење и иновативност, создаваме нови вредности и учествуваме во давање на предлози за унапредување на постоечките процеси и процедури. Размената на знаење ја поттикнуваме преку специјалистички обуки и учество во проекти, интерни обуки, како и учество во различни процеси надвор од работните места. Како менаџмент, должни сме и даваме професионална поддршка во процесите на учење на нашите вработени. Позитивното работно окружување го оддржуваме со работниот елан воден од нашата желба за успех и достигнувања, поддржан со искрени и позитивни колегијални односи и со нивно секојдневно надградување.

на располагање Ви се сертифицирани стручни лица обучувани во најдобрите сервисни центри во Европа (над 20 години искуство) и сервисна услуга на лице место веднаш после вашето барање

Побарајте сервис во секое време.