Background

Rent-a-print

Поддршка и управување

Со услугата "Изнајми-Canon" наш фокус ќе биде континуирано унапредување на процесите за печатење низ систем на превентивни и редовни сервиси. Со тоа директно помагаме во избегнивањето на индиректни и непотребни трошоци. Исто така ви нудиме и можност за контролирана и брза промена на уредите според моменталните потреби за печатење во вашата организација.

 

Сервисна служба

Вашата IT служба и вашите корисници ќе имаат контакт за сите можни прашања, инциденти и брзо рашавање на проблемите. Ќе бидеме отворени за помош на сите и со тоа овозможуваме интерните IT ресурси да бидат двигатели на вашиот бизнис и работење.

 

Поддршка на местото на користење

​Поддршка на местото на користење овозможува проактивен и директен одговор на можните потешкотии за печатење. Оваа можност може да се прошири така што можеме да понудиме превентивен тренинг и поддршка која на корисниците ќе им овозможи лесен пристап до потребните уреди и потполно искористување на расположливите напредни функции.

 

Управување со уредите за печатење

Проактивно ќе проектираме, имплементираме и управуваме со уредите од почетната фаза "Анализа" па се до финалната фаза "Надзор". Со таквиот начин на работа можемо да ги пратиме, финансиски управуваме, планираме и ефикасно имплементираме уредите за печатење и апликации кои најмногу одговараат на вашиот начин на работа за време траење на договорот.

 

Поддршка од далечина

Поддршката од далечина може дополнително да ги намали трошоците за управување со уредите за печатење. Со помош на софтер можемо да ја пратиме работата на уредите за печатење и може да ги решаваме проблемите и застоите пред тие да настанат и со тоа максимално да ја зголемиме продуктивноста на вапите вработени.

на располагање Ви се сертифицирани стручни лица обучувани во најдобрите сервисни центри во Европа (над 20 години искуство) и сервисна услуга на лице место веднаш после вашето барање

Побарајте сервис во секое време.