Background

Rent-a-print

Надзор

Редовни состаноци

Организираме редовни состаноци на кои од ваша страна би добивале информации со кои правовремено и квалитетно би донеле одлука за било каква промена со уредите за печатење. Редовно предлагање на модификации како би ги подобриле перформансите на целата инфраструктура. Нудиме и предлози за подобрување на функционалното и комерцијалното работење на вашата организација.

 

Системи за известување

Стручно припремените анализа за квалитетот на услугата овозможуваат увид во сите аспекти на ефикасноста на поддршката, како што се историја на повиците, мерењето перформанци, промена на договорите, итн. Со ваквите анализи добиваме информации за проблемите кои се случиле но и информации со кои би ги спречиле идните проблеми со уредите за печатење пред тие да влијаат врз вашето работење. Системите за известување ги покриваат следните подрачја:

  • Ефикасноста на сервисот
  • Искористеноста на уредите за печатење
  • Следење трендови и континуирано подобрување на услугата

 

Континуирано подобрување на услугите

Нашите услуги постојано се во тек со потребите и идните стратешки потреби на вашата организација. На тој начин правиме пат кон отворен, искрен, взаемен интерес со вашата организација. Градиме партнерство кое овозможува взаемна работа во зголемувањето на продуктивноста и намалувањето на трошоците за печатење.

на располагање Ви се сертифицирани стручни лица обучувани во најдобрите сервисни центри во Европа (над 20 години искуство) и сервисна услуга на лице место веднаш после вашето барање

Побарајте сервис во секое време.