Background

генел клуб

Генел е овластен партнер на CANON за Македонскиот пазар од 1996 година.

Како дел од тимот кој непрекинато се развива и зголемува, наша обврска е да нашите клиенти редовно ги информираме за новите предности и можности кои Генел ги нуди и со тоа да го унапреди Вашето работење.

Во оваа прилика сакаме да ве информираме дека Генел влезе во својата 25 година од своето основање (1993) така да сите клиенти со кои сме соработувале сиве овие години да ги награди со LOYALTY CARD, која при купување на производи во нашиот продажен салон или користење на некоја од нашите услуги ви овозможи голем број на предности и попусти

Вашата LOYALTY CARD лично ќе можете да ја подигнете во новоотворениот изложбено-продажен салон

Genel Canon. Бул.Свети Климент Охридски бр.23 Скопје, 1000. Р.Македонија

За сите дополнителни информации и поволности кои ќе можете да ги користите со нашата картичка ќе бидете контактирани од нашата служба за грижа на корисници која исто така Ви е на располагање секој работен ден од 09.00 до 17:00 на тел 02/3214 911 или лично ќе можете да се информирате во новоотворениот изложбено продажен салон на Genel Canon Бул.Свети Климент Охридски бр.23 Скопје 1000 Р.Македонија.

Тимот на Генел,благодарејќи на својата посветеност во работата денеска во Македонија може да ги понуди најмодерните решенија од областа на канцелариското печатење, додека од својот широк спектар на понуди можеме да ги извоиме:

  • Понуда на Производи (од групата на уреди за печатење: мултифункционални уреди, канцелариски и домашни уреди, принтери за печатење на големи формати-плотери, фото и видео производи и опрема
  • Услуга на решенија за печатење преку “cost per click” (печатење во Вашата канцеларија и плаќање по одпечатена страна цената на одпечатената страна се вклучени сите трошоци за пелатење и одржување,лизинг како и мнигу други решенија)
  • Понуда на производи за употреба во ИТ сектори: компјутери, лаптопи, мрежна опрема.
  • Понуда на потрошни матерјали за уреди за печатење во вашата канцеларија
  • Професионална Фото и Видео Опрема
  • Услуга за сервис и одржување на уреди за печатење и Фото-Видео опрема.

Нашата компанија го има усогласено своето работење и ги задоволува сите највисоки критериуми за работа согласно светските стандарди (ISO 9001, ISO 14001, ISO 18001, ISO 27001, ISO 50001), поседуваме лиценца за собирање и третман на отпад кој се создава при процесот на печатење-одобрение бр. 11-7923/1 издадено од Министерство за заштита на животната средина.

Довербата, почитта и успешната соработка представуват суштина на нашето успешно партнерство.

Ви стоиме на pасполагање!

Background

Background

Квалитетот пред сѐ

Генел е основан во Јуни 1993. Главната инвестиција во сите години од постоењето се вложувањата во интеграција на нови технологии за подобрување на квалитетот на услугите, едукација на сопствениот професионален кадар согласно светските стандарди и критериуми. Тоа ја доведе компанијата до ниво на водечки и препознатлив дистирбутер за фото и видео, канцeлариски и домашни уреди и опрема во Македонија од 2003 па се до денес.