Background

Rent-a-print

Анализа

Анализата претставува припремна фаза која е и основа за квалитетно изработен проект. Во оваа фаза ги градиме темелите за нова стратегија за печатење и управување со документите (печатење, копирање, скенирање, факс...) 

 

Основен преглед на моменталните уреди за печатење

​Во овој дел од првата фаза се врши преглед на моменталната состојба на уредите за печатење кои ги користите. Вклучува и анализа на месечната искористеност и трошоци без софтверски мерења на вашата мрежа. По завршувањето ќе го добиете месечниот трошок на вашата организација - без разлика дали ги поседувате уредите за печатење или користите наем. Потоа можеме да разговараме за унапредување на процесите и намалување на трошоците со нашата услуга. Анализа на IT инфраструктурата, безбедносни потреби, системи за помош и поддршка на корисниците.

 

Анализа на работните процеси и потреби

Овој дел на анализата вклучува и детално собирање податоци во зададен временски период. Ова ќе ни овозможи потполн и транспарентен преглед на вашата инфраструктура и ја олеснува оптимизацијата која вклучува предлог број уреди за печатење, план за печатење и предлози за софтверски решенија кои ќе ги подобрат работните процеси и ќе ги намалат трошоците. ​Со дијаграмски приказ на вашите простории, локацијата на уредите за печатење и преглед на трошоците оваа анализа е основа за препораките за намалување на трошоците и зголемувањето на продуктивноста.

на располагање Ви се сертифицирани стручни лица обучувани во најдобрите сервисни центри во Европа (над 20 години искуство) и сервисна услуга на лице место веднаш после вашето барање

Побарајте сервис во секое време.