Лaсерски принтер CANON i-sensys LBP 151dw

Лaсерски принтер CANON i-sensys LBP 151dw

Црно бел ласерски принтер со 27 страници во минута, двострано печатење, USB, мре...

8.900 МКД
Изнајмете принтер од ГЕНЕЛ!

Изнајмете принтер од ГЕНЕЛ!

Изнајмете ласерски принтер или мултифункциски уред (принтер,копир,скенер) за ваш...

цени од 599 мкд -месечно ! МКД
Canon MF 411dw

Canon MF 411dw

Мултифункциски уред за вашата канцеларија ( копир,принтер,скенер) поврзан во мре...

21.900 МКД

Мисија

Нашата мисија е базирана на доверба и почитување, одговорност, проактивност, насоченост кон клиентите и соработниците, развивање на тимска работа, иновативност, позитивно работно окружување.

Насочени сме кон корисниците, да им овозможиме врвни услуги, опрема и решенија кои ќе допринесат нивна поголема конкурентност, квалитетно зголемување на нивниот бизнис. Генел е организација која учи.

Безбедност

Приватност

Одржливост

Интегритет

услугите кои ги нудиме

Rent-a-Print

Услугата Изнајми-Canon е процесно структуирана и димензионирана низ 5 меѓусебно поврзани фази кои проектниот процес го прават во кружна целина. Активностите низ сите фази ги вклучуваат сите информации кои ќе осигураат дека "Изнајми-Canon" услугата ќе биде технички, функционално и комерцијачно разумна. Препуште ни го управувањето со уредите за печатење со што ќе добиете највисока сервисна услуга и ќе бидете во тек со новата технологија.

Background

Анализа

Анализата претставува припремна фаза која е и основа за квалитетно изработен проект. Во оваа фаза ги градиме темелите за нова стратегија за печатење и управување со документите (печатење, копирање, скенирање, факс...) 

Основен преглед на моменталните уреди за печатење

Во овој дел од првата фаза се врши преглед на моменталната состојба на уредите за печатење кои ги користите. Вклучува и анализа на месечната искористеност и трошоци без софтверски мерења на вашата мрежа. По завршувањето ќе го добиете месечниот трошок на вашата организација - без разлика дали ги поседувате уредите за печатење или користите наем. Потоа можеме да разговараме за унапредување на процесите и намалување на трошоците со нашата услуга. Анализа на IT инфраструктурата, безбедносни потреби, системи за помош и поддршка на корисниците.

Анализа на работните процеси и потреби

Овој дел на анализата вклучува и детално собирање податоци во зададен временски период. Ова ќе ни овозможи потполн и транспарентен преглед на вашата инфраструктура и ја олеснува оптимизацијата која вклучува предлог број уреди за печатење, план за печатење и предлози за софтверски решенија кои ќе ги подобрат работните процеси и ќе ги намалат трошоците. ​Со дијаграмски приказ на вашите простории, локацијата на уредите за печатење и преглед на трошоците оваа анализа е основа за препораките за намалување на трошоците и зголемувањето на продуктивноста.

Background

Проект

Со помош на податоците од претходната фаза ќе се работи во фазата "Проект". Во оваа фаза ќе се изработува решението за опримизација на процесот на печатење и намалување на трошоците.

Решението кое ќе го препорачаме ќе го содржи најприкладниот хардвер, софтвер и услуги како би се овозможиле долгорочни бенефити. Она што е најважно, се ќе биде планирано според вашите потреби.

Во зависност од организационите потреби можеме да ви понудиме:

  • Идентичен интерфејс на сите уреди со што ќе се намали времето за обука на корисниците
  • Софистицирани функции кои го олеснуваат секојдневното користење на уредите за печатење како што се директно скенирање на e-mail, PDF или на постоечки системи
  • Користење светски познати уреди за печатење и моќен софтвње како би го оптимизирале работењето.
  • Воспоставување јасни прописи и мониторинг за да се утврди видот на опремата, достапноста и капацитетот.
  • Вклучена поддршка за сите уреди во вашата организација и со тоа добивате едно место за сервис, оддржување и набавка на потрошен материјал.

Нашата услуга обезбедува решенијата за оптимизација на печатењето да се во склад со договорените параметри, за имплементацијата тече без проблеми. Искусниот тим успешно ќе ги координираат сите аспекти на проектот за да не пречиме во вашето работење и да се зголеми брзината на донесувањето на новите решенија.

Background

Транзиција и инсталација

Управуваме со импелментацијата на вашето ново решение како би овозможиле безболна транзиција, постојано работејќи на намалувањето на влијанието врз вашите активности и корисници. Секој елемент кој ќе биде испорачан ќе биде во склад со вашите моментални оперативни потреби, се со цел зголемување на продуктивноста и намалување на трошоците за печатење.

Имплементација на хардвер и софвер

Сите активности ќе бидат распоредеми за да се намали нивното влијание врз вашите секојдневни активности. Новите уреди за печатење и софтвер ќе бидат инсталирани, старите ќе бидат вклучени или тргнати од употреба во зависност од договорениот распоред.

Програм менаџмент, комуникација и едукација

Имплементацијата на нов систем за печатење и работни процеси може да биде незгодна, на со проактивен пристап и вклучување на вработените во текот на транзицијата и инсталацијата го намалуваме негативното влијание. Ќе соработуваме со луѓето од вашата организација кои би можеле да бидат осетливи на таквите промени. Со постојана комуникација како и посебни обуки ја градиме довербата кон новиот систем за печатење. Само преку комуникација за промените и бенефитите кои ги носи новиот систем за печатење се намалува отпорот кон новото и го олеснува достигнувањето на целта.

Обука на корисниците

Доколку саката да извлечете максимум од нашето решение, најважна работе е обуката на корисниците. Нашиот програм за обука го прилагодуваме на потребите на вашата организација. Обуката може да се врши на повеќе начини, вклучувајќи предавање во вашите или нашите простории, како и поединечна или групна обука. Во текот на обуката вашите вработени ќе научат: На кој начин функционираат новите уреди за печатење, со нагласување на функциите кои ја зголемуваат продуктивноста. Како да управуваат со работните процеси со помож на софтверски апликации. Кого да го контактираат при технички проблем или потреба на потрошен материјал​

Background

Поддршка и управување

Со услугата "Изнајми-Canon" наш фокус ќе биде континуирано унапредување на процесите за печатење низ систем на превентивни и редовни сервиси. Со тоа директно помагаме во избегнивањето на индиректни и непотребни трошоци. Исто така ви нудиме и можност за контролирана и брза промена на уредите според моменталните потреби за печатење во вашата организација.

Сервисна служба

Вашата IT служба и вашите корисници ќе имаат контакт за сите можни прашања, инциденти и брзо рашавање на проблемите. Ќе бидеме отворени за помош на сите и со тоа овозможуваме интерните IT ресурси да бидат двигатели на вашиот бизнис и работење.

Поддршка на местото на користење

​Поддршка на местото на користење овозможува проактивен и директен одговор на можните потешкотии за печатење. Оваа можност може да се прошири така што можеме да понудиме превентивен тренинг и поддршка која на корисниците ќе им овозможи лесен пристап до потребните уреди и потполно искористување на расположливите напредни функции.

Управување со уредите за печатење

Проактивно ќе проектираме, имплементираме и управуваме со уредите од почетната фаза "Анализа" па се до финалната фаза "Надзор". Со таквиот начин на работа можемо да ги пратиме, финансиски управуваме, планираме и ефикасно имплементираме уредите за печатење и апликации кои најмногу одговараат на вашиот начин на работа за време траење на договорот.

Поддршка од далечина

Поддршката од далечина може дополнително да ги намали трошоците за управување со уредите за печатење. Со помош на софтер можемо да ја пратиме работата на уредите за печатење и може да ги решаваме проблемите и застоите пред тие да настанат и со тоа максимално да ја зголемиме продуктивноста на вапите вработени.

Background

Надзор

Редовни состаноци

Организираме редовни состаноци на кои од ваша страна би добивале информации со кои правовремено и квалитетно би донеле одлука за било каква промена со уредите за печатење. Редовно предлагање на модификации како би ги подобриле перформансите на целата инфраструктура. Нудиме и предлози за подобрување на функционалното и комерцијалното работење на вашата организација.

Системи за известување

Стручно припремените анализа за квалитетот на услугата овозможуваат увид во сите аспекти на ефикасноста на поддршката, како што се историја на повиците, мерењето перформанци, промена на договорите, итн. Со ваквите анализи добиваме информации за проблемите кои се случиле но и информации со кои би ги спречиле идните проблеми со уредите за печатење пред тие да влијаат врз вашето работење. Системите за известување ги покриваат следните подрачја:

  • Ефикасноста на сервисот
  • Искористеноста на уредите за печатење
  • Следење трендови и континуирано подобрување на услугата

Континуирано подобрување на услугите

Нашите услуги постојано се во тек со потребите и идните стратешки потреби на вашата организација. На тој начин правиме пат кон отворен, искрен, взаемен интерес со вашата организација. Градиме партнерство кое овозможува взаемна работа во зголемувањето на продуктивноста и намалувањето на трошоците за печатење.

Background

Квалитетот пред сѐ

Генел е основан во Јуни 1993. Главната инвестиција во сите години од постоењето се вложувањата во интеграција на нови технологии за подобрување на квалитетот на услугите, едукација на сопствениот професионален кадар согласно светските стандарди и критериуми. Тоа ја доведе компанијата до ниво на водечки и препознатлив дистирбутер за фото и видео, канцeлариски и домашни уреди и опрема во Македонија од 2003 па се до денес.

Компании кои ни ја дадоа довербата

Наши клиенти

brand
brand
brand
brand